Еве какво време не очекува денес

 

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а ќе дува умерен повремено и засилен ветер од североисточен правец. Претпладне во јужните делови од  земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Каменица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе преовладува стабилно и топло време. Температурата викендов ќе се движи од 26 до 32, а во понеделник од 27 до 33 степени.

www.kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *