Д-р Беќаровски со апел до граѓаните: Секој може да биде доктор со тоа што ќе седи дома

Стравот од ситуацијата со коронавирусот ги празни маркетите, а граѓаните панично купуваат залихи. Од друга страна, здравствениот систем докажа дека совршено функционира, а тоа е резултат на стара воена школа.

-Голем дел од граѓаните воопшто немаат свест. Сведоци сме што се случува во болниците. Се доаѓа со лажни податоци. Сведоци сме што се случува по маркетите и пазарите. Главниот проблем е страв и незнаење. Клиниките се одлично спремни. Јас сум горд на здравствениот систем. Се покажа дека системите во бивша Југославија подобро функционираат од сите западни држави. Тоа е резултат на стара воена школа каде што ја учевме за епидемии, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Тој на крајот на телефонското јавување упати интересен апел до граѓаните.

-На факултетите ова го имавме во својата наставна програма. На крај имам еден апел – ова е момент кога секој може да биде доктор, а се станува доктор со тоа што ќе се седи дома, рече Беќаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *