Дури четири првотимки на ЖФК Каменица САСА повикани во македонската репрезентација

Македонска Каменица, 20.10.2020 година – Дури четири фудбалерки од екипата на ЖФК Каменица САСА се повикани во македонската репрезентација за квалификацискиот натпревар против Франција, стои во текстот на официјаната фејсбук страна на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица

Натпреварот на кој ќе настапат Рабија Дервиши, Пале Николовска, Марјана Нацева и Христина Јошевска, ќе се одигра на 23. Октомври во Орлеанс, Франција.
Многу среќа и успех на нашите првотимки во националниот дрес на македонската репрезентација, – доплнуваат до каменичкиот женски фудбалски клуб, кој доминира на фудбалските терени во Македонија пред претстојните натпревари од Лигата на шампиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *