Драма во село Вирче. Млад пироман подметнал пожар и за малку ќе го запалел цело село.

28-годишен жител на Вирче  ја запалил куќата на мајка му. Огнот кој тргнал од куќата, бил директна закана за повеќе грла добиток, кој негов соселанец ги чувал во куќата, но и за голем број куќи и помошни објекти, кои биле во непосредна близина на запалениот објект. Само среќата и присебноста на останатите соселани спречиле селото да не изгори. Сопствениците на другите објекти сами почнале да го гасат огнот, но и тим од делчевската противпожарна единица стигнал бргу и пожарот бил локализиран. 

Причините поради кои младиот пироман ја запалил старата куќа на мајка му, сеуште не се познати. Пироманот се здобил со кривична пријава за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *