Донирај со Cliff of Moher Pub – хуманитарна акција

Акцијата на Cliff of Moher ќе се оддржи во среда (10.08.2016), од 12.30 часот и ќе трае цел ден. Ќе биде поставен пункт на кој сите кои се во можност ќе може да донираат вода, конзервирана храна, средства за хигиена, чизми, пластичен прибор за јадење… Ќе бидат поставени и кутии за донација на парични средства. Собраните производи ќе бидат предадени на Црвен крст, а паричните средства ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за солидарност.
Нашата програма ќе започне во 12.30 часот со диџеј Бојан, а за вечерниот дел се задолжени Бранко Ивановски, Иван Веселиновски, Симеон Ангеловски, Влатко Ристовски, Никола Илиев, Бојан Стаменковски.

Сплотени заедно!
Донираме за Скопје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *