Донација од верниците во Македонска Каменица за потребите на храмот “Успение на Пресвета Богородица”

На иницијатива на свештенството и црковниот одбор на Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, за кратко време, е реализирана идејата за набавка на средства и материјал за потребите на храмот.

– Голема благодарност до верниот народ на Македонска Каменица, кој само за неколку денови, донираа доволно средства за набавка на нови прекривки за светиот престол, жртвеникот и нова завеса на дверите на храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменицa, – истакнуваат од Делчевско – каменичката епархија

Активностите на Делчевско – каменичката епархија во Македонска Каменица се случуваат во континуитет. Реставрирана е фреската со Пресвета Богородица од надворешната страна на храмот и поставено е подно греење во објектот.

Во соработка со локаната самоуправа и градоначалникот Димчо Атанасовски се вршат подготвителни градежни работи за создавање на простор и услови за изградба на резиденцијален објект за потребите на епархијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *