Донација на книги од КИЦ „Романса“ за каменичката библиотека „Крсте Петков Мисирков“

Македонска Каменица, 17.05.2022 година – Изминатата недела, издавачката куќа „Сакам книги“ имаше еднодневен саем на книги во Домот на култура во Македонска Каменица. Настанот беше организиран на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.
Како плод на успешната соработка, издавачката куќа „Сакам книги“, подари петнаесетина наслови, кои денеска директорот на КИЦ „Романса“, Гоце Стојановски ги донираше во каменичката библиотека „Крсте Петков Мисирков“ (клон на ЈЛБ „Илинден“ Делчево).
Од име на библиотеката, упатуваат огромна благодарност за донацијата, потенцирајќи дека овој гест од КИЦ „Романса“ и директорот Гоце Стојановски покажува внимание, хуманост и можност за пролабочување на соработката во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *