Доминација на шампионот ЖКК Баскет Кам над ЖКК Клубски Патриот во првиот четвртфинален натпревар од шампионатот на Македонија

Македонска Каменица, 24. Април 2024 година – Вчера, во спортската сала ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица се одигра првиот четвртфинален натпревар помеѓу актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, нашата екипа ЖКК Баскет Кам и екипата на делчевски ЖКК Клубски Патриот.

Натпреварот заврши со резултат од 101:52 во корист на домашната екипа од Македонска Каменица. Со целосна доминација на теренот и резултатска позитива во текот на целиот натпревар, која на полувреме изнесуваше 53:22 поени.

Сите кошаркарки од домашната екипа имаа можност за поголема минутажа на теренот и покажаа видлива надмоќност во нападот и одбраната. Најпрецизни во домашната екипа беа Драгана Зубац со 40 поени и Цеце Димова со 28.

Играта на гостинките од Делчево беше предводена од интернационалките од Бугарија, а тренерот на Клубски Патриот, Љупчо Петровски за натпреварот кажа дека, ова е првиот официјален натпревар на клубот во прата кошаркарска лига на Македонија. Во четвртфиналето изгубивме од шампионот на Македонија, екипата на Баскет Кам, но не разочаравме во играта. Игравме пожртвувано, според очекувањата и можностите, со борба за секоја топка и поен”.

Следниот натпревар се игра во сабота, на 27. Април 2024 година, во Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *