ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ЖФК „КАМЕНИЦА САСА“ ПОДОБРА ОД ЖФК „ТИВЕРИЈА“ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО ОД ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Foto

ЖФК „КАМЕНИЦА САСА“ ПОДОБРА ОД ЖФК „ТИВЕРИЈА“ ВО 1/4 ФИНАЛЕТО ОД ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Екипата на ЖФК „Каменица Саса“ се пласираше во полуфиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, откако на градскиот стадион во Македонска Каменица со 3:1 ја победи екипата на ЖФК „Тиверија“ од Струмица.

Во реприза на првенствениот натпревар од пред три дена, кој каменичанки го добија со минимални 1:0, денеска домаќинките беа попрецизни, па така, со трите погодоци на Драгана Костова, Ленче Андреевска и Ана Димитровска, уште еднаш ги израдуваа своите фанови, кои поради ковид-пандемијата не можеа да присуствуваат на стадионот за да ја прослават победата на своите миленички.

Стрелецот на третиот погодок, Ана Димитровска, истакна дека иако Тиверија уште еднаш покажала дека не е лесен противник, во домашниот табор не се сомневале во заслужениот триумф над Струмичанки.

– За последните две победи против Струмичанки, да, не се лесен противник, но нашиот тим е поквалитетен во секој поглед, така да не се ни сомневавме во нашите победи против нив, рече Димитровска.

Додаде дека е рано да се зборува за двојна круна. Среќна е за победите и дополни дека екипата работи напорно за да биде подготвена на секој иден натпревар.

– Има уште 8 кола до крајот на сезоната, поради што уште не мислиме на титула и куп трофеј. Се трудиме да бидеме концентрирани и фокусирани на секој натпревар, така и ќе остане до крај на првенството, додаде Димитровска.

Каменичанки се актуелен првак на Македонија во женски фудбал поради што минатата сезона го имаа и првото учество во женската Лига на шампиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *