Доколку неодамна сте се вратиле од Ломбардија, Венето, Емилија Ромања или Пиемонт однесувајте се одговорно

Согласно насоките од Генералниот секретаријат на македонската Влада, дел од општините веќе објавија известувања во кои наведуваат дека сите оние што неодамна се вратиле или живеат со некој што неодамна се вратил од следниве италијански региони: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт, како и од други дестинации кои се жаришта на корона вирусот, не треба да доаѓаат на работа, односно да одат на училиште.

За очекување е дека сите општини ќе излезат со вакви известувања и дека ќе повикаат на максимална лична одговорност.

Во продолжение е Известувањето на социјалните медиуми кое го објави Општина Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *