Дневниот центар за лица со посебни потреби одбележа една година од почеток на функционирањето

Македонска Каменица, 17. 09.2019 година – Дневниот центар за лица со посебни потреби  во Македонска Каменица денес одбележа една година од почетокот на своето функционирање.

После година дена, од почетокот на функционирање на Дневниот центар со својот труд за подобар престој на 16-те штитеници, придонесуваат негователи, логопед, социјален работник, психолог и физиотерапевт.

Со инвестирањето во услугите за грижа за сите наши сограѓани им овозможуваме поквалитетен живот и можност да ги остварат своите права. Како локална самоуправа со Дневниот центар во Македонска Каменица преку склучениот Меморандум за соработка постајано вложуваме во подобрување на условите за престој и работа во установата, – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова

Денешната посета од страна на градоначалничката Стаменкова беше искористена за разговор  со штитениците, раководителите и вработените во Центарот за нивните потреби и начините на кои, локалната самоуправа дополнително може да работи во насока за зголемување на степенот на потребната нега, едукација и социјализација, кои ги добиваат во рамки на установата.

На одбележувањето на првиот роденден на Дневниот центар за лица со посебни потреби, покрај претставници од локалната самоуправа, присуствуваа штитеници и лица вработени во Центрите од регионот. Исто така, на дел од забавата присуствуваа и дечињата од детската градинка „Бамби“, кои на своите другарчиња од Дневниот центар им подарија тематски цртежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *