ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА, ЕУРОСУПЕРОТ БС-95 ПОСКАПУВА

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,16%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 , се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на
бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 , не се менува, односно останува на исто ниво како што бил утврден со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 92,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,584 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,067 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 90,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 92,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 50,067 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *