Децата се изложени на сериозни ризици на интернет

Загрижувачки расте психичкото малтретирање на  деца додека користат интернет, а  повеќето  од нивните родители не знаат какви содржини следат  и на какви ризици се изложени  на  глобалната мрежа, велат од битолската полиција.

  • Отсекот за превенција и СВР Битола преку низа предвања во основните и средните  училишта, дојдове до некои сознанија дека на интернет мрежите постојат он лајн игри кои што носат ризици по здравјето на децата, вели Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Иако  психичкото малтретирање преку интернет е во постојан пораст, сепак малку од родителите и децата се охрабруваат ваквото насилство да го пријават во полиција.

  • Мал е процентот на пријави, се уште не се одважуваат, се уште тоа е непознатица за нашите граѓани. Еве ги охрабруваме секое психичко или физичко насилство да го пријавата на бројот 192 во полиција или во Ценаторот за социјални работи, вели Сашо Гилевски, началник на отсекот  за превенција во СВР-Битола.

Психолозите велат дека безбедноста на интернет е еден од најголемите проблеми со кои се соочува заедницата. Ако овие настани ретко се пријавуваат во полиција  сепак се поголем број родители бараат стручна помош како да се надмине зависноста од интернет кај нивните деца.

  • Тоа е одговорност на родителите, треба да ги следат децата, да бидат во тек со сите настани за да можат да им помогноат пред да развијат зависност, несоници, анксиознот, депресивност. Тоа значи дека од ментално здравствен аспект има  многу проблеми, вели Сашо Кочанковски, психолог.

Неодамана јавноста беше шокирана од сознанието дека основци од неколку битолски училишта се самоповредувале мотивирани од опасните видео игри „Момо“ и „Синиот кит“, кои ги наведуваат децата да станат жртви. Тие се сечел по рацете, а иако тоа траело со недели, голем дел од родителите не го забележале чудното однесување кај своите деца, кои дотогаш биле со добро поведение, одличен успех и пример меѓу своите другарчиња.

 

Емилија Мисирлиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *