Детската градинка „Бамби“ спроведе бесплатни офталмолошки прегледи за дечињата од предучилишна возраст (ФОТО)

Детската градинка „Бамби“ спроведе бесплатни офталмолошки прегледи за дечињата од предучилишна возраст

 

 

Македонска Каменица, 25. Април 2024 година – Денеска, за 45 дечиња од најголемите групи во детската градинка Бамби – Македонска Каменица беа спроведени бесплатни офталмолошки прегледи. Прегледите беа извршени во самата установа од страна на стручни медицински тимови при болницата Медика С – Скопје.
„Со овие бесплатни прегледи, дечињата покрај ран скрининг и детекција на оштетувања на видот, добиваат и потврда за упис во основно училиште“, – изјави директорката на детската градинка Бамби, Тодорка Велиновска. Оваа редовна акција во нашата установа, односно бесплатните офталмолошки прегледи, се овозможени со финансиски средства и заложба на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски“, – дополни во изјавата директорката Велиновска
Општина Македонска Каменица, останува единствената општина во регионот која обезбедува офталмолошки прегледи за децата во детските градинки. Во спротивно, родителте би биле принудени да патуваат за преглед во соседните поголеми градови, поради потребата од потврда за извршен офталмолошки преглед кај сите дечиња при запишување во прво одделените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *