Детската градинка „Бамби“ им посака добредојде на дечињата

По повод првиот ден од новата учебна година, воспитно негователскиот персонал при ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица, на чело со директорката Тодорка Велиновска им посака добредојде на дечињата во детската градинка.

„Успешна година, исполнета со знаења, другарување, многу насмевки и радост и среќен почеток на новата учебна година“ – се вели во честитката упатена до дечињата.
„Децата се наша заедничка одговорност“, истакнуваат од Детската градинка во обраќањето до родителите, каде дополнуваат дека сите треба „Да бидеме одговорни, да бидеме трпеливи и да соработуваме. Да го обезбедиме најдоброто за правилен развој на нашите деца. Заеднички да овозможиме нивно здраво и безбедно растење“.
„Оваа година, на 01. Септември Детската градинка ја посетуваат 146 дечиња, распределени во 8 различни возрасни групи. Уписот за нови дечиња продолжува во текот на целата година“ – изјави директорката Тодорка Велиновска за каменица.мк, каде понатаму истакнува дека, „во соработка со локалната самоуправа ќе продолжат да работат на подобрување на условите за престој и работа во установата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.