Детално метео: Продолжува нестабилното време

Врнежи во изминатите 24 часа низ државава во л/м2: Демир Капија 4, Прилеп 3, Пожаране и Тополчани 1.

Во текот на денешниот ден нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот од северен правец. Локално не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, но и поради северното воздушно струење, не се исклучува можноста за провејување на снег на највисоките планински места во државава. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

И во Скопскиот регион до крајот на денов се очекуваат повремени врнежи од дожд, има услови и за појава на грмежи а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 18 степени. Во текот на следните денови ќе се задржи доста променливо време, во претпладневните часови со сончеви периоди, од пладневните часови со повремени локални врнежи од дожд. На некои места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *