Десет силни цитати на Кофучие

Конфучие бил кинески филозоф и реформатор кој и ден-денес е од непроценлива важност низ цела Азија. Неговиот етички систем на вредности станал темел на државноста и социјалните мисли во Кина за време на феудализмот. И денес многу жители во Азија, но и во светот се раководат од мислите на овој мудар филозоф, а овие 10 се најпознатите.

0-uspehot-ne-e-nikogash-da-ne-padnesh-tuku-da-znaesh-kako-da-stanesh-10-mokjni-citati-na-konfuchij-kafepauza.mk

„Никогаш немојте да им го наметнувате на другите она што не би го избрале за себе. Запаметете го и секогаш следете го златното правило – не го прави она што не сакаш да ти го прават.“

„Вистинското знаење е да го знаете степенот на нечие незнаење. Незнаењето е најголемата причина за патење. Просветлувањето е нашето ослободување.“

„Слушам и заборавам. Гледам и се сеќавам. Правам и разбирам. Илјада повторувања даваат одговори на сите прашања.“

„Сѐ има убавина, само не може секој да ја види. Морате навистина да го отворите вашиот ум за да можете да ја видите целата убавина на овој свет. Погледнете го светот со бистри очи.“

„Супериорниот човек е свесен за праведноста, инфериорниот човек е свесен за предностите. Целта на супериорниот човек е вистината.“

„Каде и да тргнете, одете со полно срце. Многу е важно да бидете целосно посветени онаму каде што одите и на она што го правите.“

„Нашиот најголем успех не е во тоа никогаш да не паднеме, туку да станеме секој пат кога тоа ќе се случи. Сите паѓаме во некој момент. Вистинскиот неуспех е само кога нема да успееме да станеме.“

„Оној кој ќе научи, но не мисли, е изгубен. Оној кој мисли, но не учи е во голема опасност. Можеме да научиме многу, но читањето книги не е доволно. Не заборавајте да мислите критички.“

„Оној кој сака да ја усоврши својата работа, мора прво да го наостри својот алат. Запомнете дека вашиот мозок е еден од најважните алати.“

„Ако погледнете во своето срце и не пронајдете ништо лошо таму, тогаш зошто се грижите? Зошто се плашите? Ако вашите грижи зависат од вас, не грижете се, ќе ги решите. Ако не зависат од вас, грижејќи се ништо нема да се промени.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *