Денес ќе се знае дали Куманово ќе оди во целосен карантин

Конечно барањето на Општина Куманово за воведување 14-дневен карантин со целосна забрана за движење на жителите, денес ќе се најде на седница на Владата. Претходно беше утврдено дека градоначалникот на Куманово е позитивен на КОРОНА ВИРУС. Тој постојано, подолг период ги бараше овие мерки…

Филипче на прес-конференција информираше дека барањата на кумановскиот кризен штаб утрово се разгледувале на состанокот на Комисијата за заразни болести, а крајна одлука ќе се носи на седницата на Владата денес.

Од Куманово побараа и текстовите, односно резултатите да не се чекаат со денови, туку да се добиваат во разумен рок. На ова досега нема решение нашето Министерство за Здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *