Денес се празнува Свети Лука. Заштитникот на медицината и лекарите, основач на иконописот и современик на Исус Христос

Православните верници денес го слават Свети Лука, заштитникот на медицината, лекарите но и основачот на иконописот… Свети Лука е еден од првите проповедници на христијанството, современик на Исус Христос.

Еден од најпочитуваните заштитници на лекарите и многу семејства го слават, а во народот тој ден е познат и како Лулинден.

Во списите на старогрчки и црковнословенски јазик тој светец се опишува како „верен лекар  на душата и телото“. Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства. Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

sveti luka1

Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги налсикал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата“ која го претставува Светиот Лука и во прспектива иконата на Богородица која светителот на отсликува. Тој се смета за основач на христијанскиот иконопис.

Според богослужбениот календар на МПЦ овој ден не е обележан со црвени букви, туку е како „црно слово“ поврзан со празниците од значење за суштината на Црквата. Верниците го слават и како исцелител и заштитиник на поедини занаети. Како свој заштитник го слават и образовните установи.

Свети Лука својот живот го завршил во 84 година, а христијанската традиција вели дека тој го напишал Светото евангелие по Лука-третото евангели )по редослед во новиот завет) и Дела апостолски.

Неговите мошти се чуваат во Цариград, а се смета дека стапалото на Свети Лука кое се чува во еден манастир во Црна Гора лекува болести на очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *