“Ако ти се смачил некој човек кога ќе ти дојде дома, за да стане побргу, треба да му се стави малце сол во чевлите и веднаш ќе си станел да си оди од куќата”
“Глувци кога ќе излезат по куќите мошне многу, а најповеќе во полето, чекајте голема сиромаштија”
“Чевли да обуеш на сон, значело дека ќе се жениш”
“Ако оди некој од град надвор и да го пресретне поп или зајак, тоа за црна штета ќе му излезе; а ако го пресретне волк, на многу арно ќе му излезе”
Народно творештво собрано од Марко Цепенков во XIX век.