Дел од вчерашната прошетка на матурантите од „Миле Јаневски – Џингар” во Македонска Каменица низ фотографии

20. Мај 2017 (kamenica.mk)
Македонска Каменица
Фото: Филип Велков
Матурантите од Гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица вчера го прославија еден од најважните моменти од својот живот. Денот кога стануваат полнолетни , момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста.

Матурантите пристигнува во училиштето пречекани од многубројниот народ кој и годинава не ги штедеа аплаузите. Организирано се сликаа и традиционално шетаа долж главната улица во градот со своите партнери и влегуваа во училиштето на класен час. Сите по малку збунети на последниот класен час си ветија понатамошни заеднички дружења, а кажаа дека годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.

Класните раководотели се чини беа повозбудени од самите матуранти. Со солзи во очите се разделуваа од своите прекрасни ученици со надеж дека во иднина од нив  ќе произлезат познати  лекари, инжинери, архитекти.

По завршување на класниот час заедно со своите класни раководители и дел од професорите се упатија кон Ресторан „Амор“ во Кочани, каде до раните утрински часови ќе јпрославија својата матура лудо и незаборавно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.