Делчевски Стамер дел од Елаборатот за природни реткости

 

Палеонтолошкиот локалитет  Стамер- Ѕвегор во Делчевско,  ќе се најде во Елаборатот за валоризација на природната реткост подготвуван рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој иЦентарот на Источно-планскиот регион.

  • Намерата е овој локалитет да го заштитиме како природна реткост, со цел да ги заштитиме и палеонтолошките остатоци што ги има на овој локалитет, изјави м-р Билјана Гаревска, кустос-палеонтолог во Природо – научен музеј , Скопје.

Освен Стамер и Ѕвегор во елаборатат за валоризација на природните реткости се опфатени и  Црна Дудинка, Даб во с. Бели, Киселичка Пештера, Дабоски Андак и Вулкански Бомби.

images

Дека Стамер не престанува со своите палеонтолошки изненадувања, сведочи и новото откритие на рударскиот инженер Љубе Митевски кој од површинскиот слој на песочната земја над Стамер открил заби од хипарион, предок на денешниот коњ и фосил од носорог, стари од 3 до 5 милиони години:

  • Секаде можат да се најдат површински остатоци, кажа Љубе Митевски.

Љубе кој пред 9 години го откри палонтолошкиот локалитет и значајната за науката жирафа единствен ваков форил во Европа, очекува поголема активност од државата и македонската наука на теренот:

  • Очекувам ресорното министерство д аодобри средстав, за да може да се продолжи со истражувањето на овој терен, рече Митевски.

Инаку,  според препораките на експертскиот тим  во текот на 2010/2011 година и дополнителните истражувања спроведени во 2015 година, границата на подрачјето е прецизно исцртана и зафаќа површина од 5,35 ha. Ова подрачје е предложено да се прогласи како природна реткост, но досега, нема ваква одлука, а нема ни најава за поголеми палеонтолошки истражувања на теренот.

images-1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *