Делчево: 26 годишен возач на камион од Делчево загина во Германија

Туѓината повторно  го зави Делчево во црно. Во бизарна несреќа на автопат во Германија, загина 26-годишниот Ванчо кој неколку години работел во оваа европска земја и печалел за семејството возејќи камион. Официјална информација за несреќата се уште нема, но во Делчево, се пренесува веста за фаталната несреќа која однесе млад живот и според која, на Бадник, на Ванчо му се расипал камионот, па симнувајќи се од него, бил прегазен од друг камион.

Веста низ Делчево се прошири со брзина на светлината и сите со кои разговаравме сочувствуваат со трагедијата на семејството, но и реторички поставуваат прашање, каде ни одат нашите деца?

  • Тоа што нема работа во татковината, младите барајќи ја егзистенцијата, заминуваат во странство, притоа и не бирајќи ги работите, на некој начин. Навистина е жално, фамилијарно дете.
  • Треба да се создадат услови за да има работа тука, за да не одат децата таму, изјавија дел од анкетираните граѓани.

Ванчо имал завршено електро-технички факултет во Штип, бил татко на двегодишно детенце, а за некој месец  го очекувал раѓањето и на второто дете. Оваа трагедија е уште една во низата на трагедии по светот каде животот го изгубија млади делчевци кои тргнале да ја бараат ветената земја.

Засега се уште не се знае кога ќе пристигнат посмртните останки на Ванчо во Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *