ДЕЛЧЕВО: СРЕДОВЕЧЕН МАЖ ДВЕ ГОДИНИ СИЛУВАЛ И УЦЕНУВАЛ МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА

42-годишен делчевец две години силувал 18-годишна девојка од Делчево и и се заканувал дека ќе ја убие или неа или нејзиното семејство.

Оваа страотна приказна денес излезе во јавноста, откако полицијата му поднесе кривична пријава на силувачот.

Според полициски информации, хоророт за девојката започнал кон крајот на 2015 година, а завршил на 27 септември, кога таа повеќе не можела да го издржи малтретирање и присилувањето на обљуба, па го пријавила насилникот во делчевската полиција. Девојката и открила на полицијата за малтретирањето што го поминувала, но и за заканите дека ќе објави нејзини видеоснимки со порнографска содржина и дека ќе посегне по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

By Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *