Делчево слави 145 години од раѓањето на својот патрон Гоце Делчев

Делчево в сабота ја одбележува 145 годишнината од раѓањето на својот патрон, еден од најголемите македонски револуционери, војводата Гоце Делчев. Со одлука на президиумот на собранието на НР Македонија по ослободувањето во 1950 година тогашното Царево село било преименувано во Делчево. На тој момент се сеќава делчевецот Слободан Димитровски кој се сеќава и на аманетот кој го оставил Делчев.

-Ние го живееме неговиот сон, но дали ќе го оствариме, вели Димитровски за Канал Плус Телевизија, кој додаде декаа Гоце се борел за слободна Македонија со цел таа да биде обединета.

За револуционерот Делчев имаат што да кажат и помладите:

-Тој дал голем придонес во борбата за слободна Македонија, вели 19 годишниот Делчевец кој го носи истото име како и великанот Делчев.

Повозрасните го паметат Делчево од минатото како место во кое речиси и ништо не се случувало, додека сега како што велат анкетираните е едно мирно место за живеење на кое најмногу му недостига вработување на младите со цел да се запре трендот на иселување кој зема се поголем замав во последните 10 години.

-Делчево е мирно место сите се познаваме, добро е нема гужви и тепаници, инаку за младите си треба вработување, вели Џевџет Мустафов еден од постарите жители на Делчево

Инаку, 145 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Делчево утре ќе се одбележи со полагање цвеќе пред неговиот споменик во центарот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *