Да ја поддржиме иницијативата „Коментаторите од Арена да го водат пречекот на вардарци“!

Во низата комплименти на сметка на ракометарите на Вардар, свое место најдоа коментаторите од телевизијата Арена Спорт, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ кои финалето го проследија подраматично од некои нивни колеги од Македонија.

Еуфорија направија и во четвртфиналето против Пик Сегед, ама особено се истакнаа на двата натпревара на Вардар на завршниот турнир во Келн.

Поради тоа веќе почна иницијатива тие двајца да го водат пречекот во Скопје кога ќе се вратат ракометарите. Оние од пред две години не се покажаа, овие сигурно ќе бидат подобри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *