Дарио Стојковски го освои силниот “Tennis Fun Tournament” тениски турнир во Скопје

Дарио Стојковски со резултат 7:6, 7:4 и 7:5 по сетови, успеа да го совлада Павло Мазневски во финалето од силниот национален Tennis Fun Tournament’s турнирот, кој минатиот викенд се одигра во Скопје.

 

 

Дарио Стојковски е 27 годишнен тенисер од Македонска Каменица. Член е на скопскиот Тениски клуб “Fun” каде членуваат голем број македонски младински и сениорски тенисери.

 

 

Стојковски бележи значајни успеси во кариерата, со учество во финални и полуфинални натпревари на повеќе турнири во Скопје, Неготино и Велес. Златен медал, покрај медалот освоен на минатонеделниот Tennis Fun Tournaments тирнир, за Сојковски е освоеното злато на уште едне скопски турнир од 2018 година.

 

 

Tennis Fun Tournament турнирот во Скопје содржи натпреварувања во младинска, сениорска и категорија за ветерани на натпреварување на национално ниво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.