Група научници докажа дека на жените им е постудено кога овулираат и тоа поради покаченото ниво на естроген во организмот.
Со почетокот на грејната сезона, започнува и „војната“ на паровите за висината на собната температура, со тоа што припадничките на понежниот пол, преферираат за некој степен повисока температура.
Според статистиката направена од „Corgi Homeplan“, британска фирма која одржува бојлери и термостати, една третина односно 14% од жените ја зголемуваат температурата кога партнерот не гледа. Според податоците, за жените идеалната температура се движи од 24 до 25 степени, а мажите пак сакаат за два степени пониска.
Покрај естрогенот кој има важна улога за студенилото кое жените го чувствуваат, на второ место е метаболизмот, кој кај мажите функционира побрзо, а со тоа тие добиваат и поголема мускулна маса, која во комбинација со добрата циркулација е причина тие полесно да поднесуваат студени температури.