Дали знаете кој бил Јаков од Камена Река?

Писмото, книгата и читањето во Македонија имаат вековна традиција. Првобитното библиотекарство се развивало по македонските цркви и манастири, каде што се пишувани, препишувани, чувани и ширени книгите. Основите на првобитното манастирско библиотекарство во Македонија се поставени од словенските просветители Климент и Наум Охридски уште во десетиот век.

Веројатно малкумина, па дури и малку денешни Каменичани, имаат слушнато за Јаков од Камена Река. Информациите за неговиот живот се оскудни. Јаков, всушност, е првиот македонски печатар, а зад топонимот Камена Река се крие денешното име на градот под Осоговските Планини-Македонска Каменица. Тој потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ и неговиот син Виченцо во Венеција, во 1566 година, отпечатил „Часослов“ на црковнословенски јазик украсен со илустрации, знаменца и вињети.

Ова дело дури кон средината на 20-тиот век беше пронајдено кај едно охридско семејство, кое со години го чувало  како семејна реликвија. На тој начин се дозна за името и делото на Јаков од Камена Река, што зборува за возвишеноста на македонската култура и ученост на Македонците.  Еден добро зачуван примерок од „Часословот“ има НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.jakov-od-kamena-reka-prviot-pechatar-od-makedonija-1

 Во Часословот Јаков напишал:

„Роден сум во Камена Река, во близина на големите Осоговски Планини… Моето почитувано свештеничко семејство на оваа древна земја живее веќе долго време
Ја оставив Македонија, мојата татковина зад мене и дојдов во Венеција…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *