Дали го видовте новиот мурал во Скопје ? Голем е 150 метри квадратни (фото+видео)

Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни.

Од неодамна, зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ ја краси нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“.

Овој мурал е поставен по нарачка на Халкбанк и всушност претставува првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје.

Делото е насловено „Важни се луѓето“, и тоа е истовремено пораката која ја користи Халкбанк, па со овој потег банката се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, и да покаже кои се вистинските вредности што треба да се негуваат во општеството.

За негова изведба беа потребни вкупно 5 дена, а „Пијанист“ работеше сосем сам како артист за муралот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.