Градскиот базен ќе биде отворен во недела

Градскиот базен во Македонска Каменица ќе биде отворен во недела, на 3-ти јули. Задоцнетото отварање на базенот е поради реновирањето на соблекувалните, меѓутоа раководството на ЈП Камена Река реши да го пушти во употреба и додека трае реконструкцијата влез на базенот нема да се наплаќа, а потоа цената не влезниците ќе биде симболична. Во изминатите неколку години, Градскиот базен доби комплетно нов систем за довод и одвод на вода, а модернизиран е и системот за филтрирање на истата. Базенот е обложен со специјална ПВЦ фолија а исто така инсталирано е и подводно осветлување што дава можност базенот да се користи и за ноќно капење.

Со последните зафати базенот ќе го врати стариот сјај и локалното население ќе може да го користи непречено во текот на летните месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *