Градоначалничката Стаменкова учествува на „Women”s Democracy Network“ форумот во Вашингтон

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, како единствен претставник на жените во политиката од Балканот, учествува на The Women’s Democracy Network (WDN) форумот кој неделава се одржува во Вашингтон, САД.

Како што објави градоначалничката Стаменкова, форумот е во склоп на програмата која вложува и верува во идејата дека целосната демократија на сите нивоа од општественото живеење, зависи ѝ е можна само со еднакво и рамноправно учество на жените во политичките процеси.


На покана на организацијата основана од страна на Републиканскиот институт во 2006 година, Women’s Democracy Network (WDN), градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова денес, ќе говори пред присутните на отворениот дел од форумот и програмата која им помага на жените ширум светот да учествуваат во креирањето на политичките процеси. Да ги стекнат потребните вештини за преземање на поголемо лидерство, нивно остварување како лидери низ целиот свет, како и создавање форуми за размена на идеи и искуства, техничка обука и промовирање на неопхоните расположливи ресурсни материјали.

(WDN) програмата, преку управувањето од членовите во неа, е поставена да функционира на следните четири столба:
– Покана до сите жени во светот да учествуваат во политичките процеси
– Зголемување на бројот на жените лидери
– Градење на капацитетот кај жените лидери
-Зголемување на учеството на жените во транзиционите политички процеси

Денес, WDN има активни членови во повеќе од 60 земји во секој регион од светот и создадени пријателства со повеќе од 20 светски организации. Многу од активностите од Програмата се насочени кон земјите од Африка, Азија, источна Европа, Латинска Америка и Средниот Исток, каде на жените постојано им е потребна помош при вклучувањето и учеството во политичките процеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *