Градоначалничката Стаменкова ги посети домовите на најстариот жител и најстариот пензиониран рударски работник во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14.01.2020 година – Пакети со пригодни подароци за најстариот жител на општина Македонска Каменица и најстариот пензиониран рударски работник во Рудник САСА по повод Новогодишните и Божиќни празници.

По повод Новогодишните и Божиќните празници, а во склад со работните обврски како градоначалник на Општината ги посетив семејствата на најстариот жител во општина Македонска Каменица, 103 годишната баба Пракса Златева од село Дулица и најстариот пензиониран рударски работник во Рудникот Саса, Владо Јовановски, – изјави градоначалничката Стаменкова

Исто така, во својата изјава, градоначалничката Соња Стаменкова додаде дека општина Македонска Каменица во соработка со Рудник Саса и останати општествено одговорни компаии и граѓани, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници за граѓаните и семејствата од социјален ризик и граѓаните има доделено над 150 пакети со прехранбени производи.

Оваа хумана акција е дел од активностите кои Општина Македонска Каменица континуирано ги спроведува во изминатиот период, со цел помогање на граѓаните и семејствата со социјален ризик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *