Градоначалничката Соња Стаменкова со честитка до учениците матуранти од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20.05.2020 година – Градоначалничката Соња Стаменкова на својот официјален фејсбук профил објави честитка до учениците полуматуранти од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица во која се вели:

Драги матуранти,

Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Македонска Каменица да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните.

Вие, почитувани матуранти, сте млади луѓе полни со позитивна енергија и располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период.
Убедена сум и се надевам дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи и на тој начин ќе ја подобрите надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери.

Ви посакувам многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.
Уште еднаш Ви честитам!
Патот што е пред Вас, Ве води во сериозни животни предизвици, и нека Ве следи среќа на тој пат.

Со почит,
Градоначалник на општина Македонска Каменица
Соња Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *