ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОЊА СТАМЕНКОВА ПРИСУСТВУВАШЕ НА 4-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ИПР ВО ДЕЛЧЕВО

Источно-планскиот регион оваа година од Швајцарската Конфедерација ќе има на располагање 100 илјади шв. франци за инфраструктурни и меки проекти. Градоначалниците од сите 11 општини од регионот на 4 Седница на Советот на ИПР која се одржува денеска во Делчево донесоа одлуки за проектите со кои ќе се аплицира по овој повик.

Драгица Здравевска, директор на Центарот на ИПР истакна дека отворен е повик на Швајцарската Конфедерација е за аплицирање на сите 8 регионални центри кои треба да добијат одлуки од своите совети за јавниот повик за грантови на инфраструктурни меки проекти кои се во програмата за одржлив и рамномерен регионален развој финансиран преку Министерството за ЛС и Швајцарската Конфередариција.
-Во прашање се над 800 илјади швајцарски франци, тие се делат согласно со коефициентот на развиеност на регионите, а за нашиот регион ќе имаме 100.000 шв.франци. Тоа е доста значајна одлука која денес ќе ја донесат градоначалниците. Исто така интензивно работиме и да ги искористиме повиците од ИПА програмата за прекугранична соработка кој завршува на 19 мај. Преку Бирото за регионален развој имаме 22, 5 милиони денари, а веќе е аплицирано со 4 проекти, и тоа, изградба на детска градинка во Штип, пешачкиот мост во Делчево, проект за изработка на техничка документација за енергетско ефикасни објекти во 11 општини, изградба на пат во индустриска зона во Пехчево, истакна Здравевска.
Претстадетлот на ИПР, Николчо Илијев потенцираше дека сите општини, но и Советот на ИПР се подготвени да одговорат на јавните повици.
Се отвораат можности проектите кои подолги време ги подготвуваме да добијат реализација и во Истокот да има едно раздвижување, рече Илијев.
За градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево интеназивно работи на изготвување на проекти со цел општината да биде подготвена да аплицира на секој повик.


Општина Делчево се подготвува со проекти за да може да аплицира на повиците. Проектот за изградба на пешачки мост кој е одобрен преку ИПР е предаден, а Делчево во партнерство со Општина Благоевград подготвува проект и за регулација на коритото на река Брегалница во централниот дел на градот со кој ќе се аплицира на повикот за прекугранична соработка од ИПА програмата, рече Трајковски.
Освен за проектите, градоначалниците расправаа и го усвоија Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2017 година, Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019 за 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *