Градоначалникот Соња Стаменкова во работна посета на општина Белица, Република Бугарија

17. Јануари 2018 каменица.мк

Денес, 17 Јануари, Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова, оствари работна посета на општина Белица, Република Бугарија. На средбата со Градоначалникот на општина Белица – Радослав Ревански, е разговарано за продолжување на досегашната плодна соработка помеѓу двете општини и нејзино продлабочување во повеќе насоки од наредниот период. Оваа посета е организирана за интензивирање на прекуграничната соработка помеѓу двете општини и утврдување на насоки и правци за аплицирање на неколку проекти од страна на двете општини. На овој работен состанок на кој присуствуваше и Драгица Здравева, Директор на ИПР, е договорен и заеднички проект од областа на културата, кој ќе биде реализиран од страна на културните домови од двете општини.


Градоначалникот на општина Белица, Радослав Ревански од пред извесен период е Претседател на Европскиот сојуз на мали и рурални средини во рамките на ЕУ. Тој во текот на денешниот разговор со Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ја даде својата целосната подршка за нашата општина во рамките на овој Европскиот сојуз, што е од особено значење за Македонска Каменица. На средбата беше разговарано и за развивање на меѓусебна соработка на повеќе полиња помеѓу овие две општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *