Градоначалникот на Чешиново-Облешево: Добро се чувствувам и немам симптоми

Градоначалникот на Чешиново-Облешево Горанчо Крстев е првиот функционер во Македонија кој е позитивен на коронавирусот.

Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако дознале дека берберот, кај кого бил Крстев на 23-ти март е позитивен на вирусот.

-Јас сум во самоизолација 8 дена се чувствувам многу добро, немам никакви симптомни, ни температура, се чувствувам многу добро . Со тоа што откако имав контакт од 23ти до сега 17-18 дена откако сум имал контакт со заболениот бербер, вели Горанчо Крстев за Канал 5.

Градоначалникот Крстев вели дека имал контакт со многу мал број на луѓе, а откако дознал дека е позитивен на вирусот веднаш ги известил сите да се самоизолираат, меѓу кои се и 19 вработени од општината, кои ќе мора да направат тестирања, за што од општинската администрација велат дека веќе е изготвен распоред.

Сите лица кои имале контакт со градоначалникот Крстев се во самоизолација.

целиот текст побарајте го на Канал 5

Leave a Reply

Your email address will not be published.