Градоначалникот на Гази Баба ветува дека ќе ослободи уапсени за непочитување на полицискиот час

Граѓани од скопската населба Ченто вечерва излегоа на протест против полицискиот час кој на целата територија на Македонија е во сила од 16:00 до 05:00 часот секој ден.

Како што пишуваат дел од медиумите, граѓаните повикуваат на помасовен протест во текот на утрешниот ден.

На протест се појави и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој, колку што може да се види на едно од видеата поставени на социјалната мрежа Фејсбук, ветува дека ќе извади две приведени лица од Полициска станица.

-Полека малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се од страна полициски час е. Ќе одам до станица, ништо не им фали на двајцата, ќе ги земам и ќе се вратам со началникот. Имате од мене збор, значи, тргнете се, им вели Георгиевски на собраните граѓани.

Градоначалникот Георгиевски се појавува на 6:55 минута од видеото.

За првпат во историјата на Македонија, полициски час беше воведен од 22 март годинава поради појавата на вирусот Ковид-19. Во почетокот тој важеше од 21 часот, но потоа мерката беше заострена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *