Градоначалникот Атанасовски го најави почетокот на изградбата на новиот ултрамодерен Спортски комплекс во Македонска Каменица

Градоначалникот Димчо Атанасовски го најави почетокот на изградбата на новиот ултрамодерен спортски комплекс во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24.06.2022 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица објави почеток на реализацијата на едно од своите предизборни верувања, односно изградбата и уредувањето на досега заборавеното “Помошно” игралиште.

“Ветив дека нашиот град ќе добие ултрамодерен лик и затоа вечерва, со огромно задоволство го најавувам почетокот на реализација на најубавиот спортски комплекс во Македонија”, – истакнува Атанасовски во текстот од соопштението за јавност, во чие продолжение го објави “потпишувањето на Одлуката за јавна набавка за изградба на атлетска патека со трибини за 80 луѓе на помошниот стадион, изградба на терени за ракомет и мал фудбал, одбојка и кошарка”.

Со години заборавеното “Помошно” ќе добие нов урбан лик и ќе биде почеток на целосна модернизација на нашата општина која ќе се случи во наредните две-три години.

Градоначалникот Атанасовски вели дека “очекува проектот да биде завршен до крајот на септември и заедно со доизградениот Градски кеј на Каменичка Река, каде во моментов се поставува ново осветлување ќе биде простор за спорт и рекреација на сите наши жители”. Исто така, Атанасовски истакнува дека општина Македонска Каменица продолжува со одговорното и посветено работење во изградбата на најмодерниот македонски град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *