Грабеж во домот на старец од каменичкото село Луковица. Се трага по сторителите

89-годишен старец со иницијали Д.С. од Чорбаџиско маало во с. Луковица бил ограбен од двајца измамници, маж и жена. Тие се претставиле како купувачи на ниви во близина на неговата куќа. Смислено го извадиле од домот и додека тој на едниот му ја покажувал нивата, другиот (жената)  го пребарувала неговиот дом. Од паричникот му одзела 300 денари, но од дрвен сандак кој насилно бил отворен му одзела 20 илјади денари. Згора на се, тие и му го исклучиле телефонот, така што старецот не можел на никого да јави и да побара помош за неволјата што го снашла. Сепак, неговиот син кој живее во Делчево откако не успеал на телефон да го добие својот родител отишол кај татко му и кога видел, дека во домот било се испреввртено,а парите кои старецот си ги заштедил ги нема,  веднаш пријавил во полиција.

Соседите на старецот информираат дека и претходната недела двајца мажи со голф 4, се врткале низ селото и барале да купат ниви и штали со изговор дека сакаат да одгледуваат стока во атарот на селото. Стравот кај мештаните е голем, бидејќи голем дел од нив се стари луѓе, кои живеат сами и се лесни за ваков вид на кражби и насилство врз нив. Тие се надеваат дека наскоро ќе бидат откриени и фатени сторителите.

Од СВР Штип потврдуваат дека е извршена тешка кражба од страна на непознати лица кај старецот. Оттаму информираат дека трагаат по сторителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *