Гореше куќа во село Косевица – во гаснењето на пожарот учествуваше каменичката ТППЕ

Гореше куќа во село Косевица – во гаснењето на пожарот учествуваше каменичката ТППЕ

По примената пријава за пожар во 07:20 часот, екипите на ТППЕ Македонска Каменица учествуваа во гасење на пожар од поголем обем во запалена куќа во село Косевица.

Пожарот, како што напиша на фејсбук командирот Малин Трајчевски, целосно е изгаснат во 12:15 часот. На местото е извршен увид од надлежните органи. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Како што можеме да забележиме од фотографиите во прилог, станува збор за поголеми оштетувања, особено на приземниот дел ос објектот каде е причинета голема материјална штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published.