Годинава “Копачката” од с. Драмче и “Гласоечкото пеење” од Горни Подлог со заеднички настапи на културни настани ширум Европа

Двете нематеријални културни добра запишани во УНЕСКО, орото Копачка од Драмче и „Гласоечкото пеење“ од Горни Подлог, годинава заедно ќе настапуваат во Словачка и Бугарија на културни настани каде ќе се промовираат светските нематеријални културни добра. Заедничката соработка на триото Гавровски од Тетово и Здружението Копачка од Драмче доби поддршка од Министерството за култура.
Учество во Словачка на Јаношикови денови во Терхова каде ќе уествуваат впишани во УНЕСКО нематријални културни добра. Потоа како резултат на билатералната соработка на Македонија и Бугарија ќе настапиме во МКЦ во Софија.Овие два проекти ги работиме со Триото Гавровки од Тетово, кажа Перса Стојановска, Здружение „Копачка“.
Настапите на Копачката во земјава и соседството и ова агодина ќе бидат поддржани до ресорното Минситерството,а и оваа година Здружението ќе продолжи со истражувањата на теренот. Годинава на тема Копачката и соборите.
Наша цел е да ги проучиме и документираме сите варијации на овоа оро кои се играат на соборите, појасни Стојановска.
Инаку, Копачката ќе ја стартува 2017 со промоција на монографијата од Димитар Узунски, „Копачката чекор- по чекор до УНЕСКО и документарниот филм, проекти кои се реализираа во текот на 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *