Гобељиќ за СпортКлуб: Повторно би се вратила во Баскет Кам

Екипата на Баскет КАМ е новиот шампион на Македонија, за првпат во нивната клупска историја.

Кошаркарките од Македонска Каменица беа подобри од Бадел 1862 во големото финале на македонската женска кошарка.

По трет пат по ред во финалната серија, беа поуспешни од својот голем ривал во оваа сезона. И со конечни (3-1) во победи го затворија финалето, стигнаа, за прв пат во своето постоење, до шампионскиот пехар.

Една од најдобрите поединци во шампионскиот тим на Баскет КАМ беше Драгана Гобељиќ, една од двете српски интернационалки во составот.

Гобељиќ во последниот меч од финалето оствари 18 поени, 8 скока и 4 асистенции. По освојувањето на титулата, таа ги сподели импресиите за успехот со Баскет КАМ и периодот што го помина во клубот.

„Пред се сакам да се заблагодарам на сите мои соиграчки, управата на клубот, апсолутно на сите луѓе кои се тука во клубот. Мене ми беше чест и задоволство да играм за ваков клуб“ изјави Драгана за „Спорктлуб“ и додаде:

„Ние очекувавме и потајно се надевавме на титула, но не беше нималку лесно да се добие Бадел кој е еден од најтрофејните клубови во Македонија. Но ние заслужено ја освоивме титулата.Овој клуб дефинитивно ќе го паметам по добрите луѓе“.

Со оглед на тоа што и завршува договорот со Баскет КАМ ја прашавме дали во иднина повторно би можела да го носи дресот на овој клуб.

„Како што велат, никогаш не вели никогаш. Јас сум секогаш подготвена да помогнам на овој клуб со оглед на тоа што луѓето во него се навистина пријателски настроени и тука сум секогаш за нив. Со оглед на тоа што кариерата ми е при крај, зошто да не. Ако се договориме следната сезона со задоволство ќе се вратам“, истакна Гобељиќ за крај.

Оваа искусна кошаркара во својата кариера има играно на српски Таково, Војводина, Пролетер, Србобран, Раднички Крагујевац, Јагодина, Краљево, како и за Тарту Муреш (Романија), Ростово (Русија), Нео Рито (Грција), Нефтохемик (Бугарија), Млада Болеслав (Чешка) и Хановер (Германија)

Линк до интервјуто на СпортКлуб

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *