Газдите кои ја злоупотребија државната помош сѐ уште не ги исплатиле вработените

Фирмите кои ја злоупотребија државната помош за исплата на плати на вработените се уште не ги имаат дадено парите на работниците. Претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека несовесните газди се кријат и немаат абер да ги исплатат вработените за првите месеци од пандемијата. Димовски вели помошта од државата во некоја мера ќе им помогне на компаниите, но работодавачите се должни да не ги оставаат вработените само со финансиите кои ги добиваат од државната каса, туку остатокот од износот на платата која ја заработуваат вработените да биде дополнета од компанијата во која работат.

„Тоа не е плата, тоа е една субвенција од 14.500 како помош од владата, но рестото пари за кои имаме потпишано во договорот за вработување треба работодавачот да ги исплати, како и придонесите за тој работник. Значи да не дојде до забуна, едно е субвенција, друго е плата“, рече Дарко Димовски претседател на ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *