В понеделник започнува турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2024

Македонска Каменица, 22. Март 2024 година – В понеделник, на 25. Март 2024 година, со почеток од 18:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2024.

Оваа година на турнирот во Мал фудбал 2024 ќе се натпреваруваат екипите на Машинско одржување, Технички служби, Администрација, Хоризонт 990, Електро одржување, Хоризонт 910, САСА – Транзициони проекти, Хоризонт 800 – Капитални објекти, Рудник – Транспорт, Флотација и Епирок. Натпреварите од турнирот за вработени во Рудник САСА ќе се играат во спортската сала од основното училиште во Македонска Каменица.

 

 

Со почеток од 18:30 часот, првиот натпревар и практично отварањето на турниорт го започнуваат екипите на Хоризонт 910 и Хоризонт 800 – Капитални објекти. Следуваат натпреварите помеѓу Транзициони проекти со Рудник Траснпорт и Флотација со екипата на Епирок. Последниот натпревар во понеделник го играат екипите на Администрација и Машинско одржување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *