ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Победа е нов прволигаш. Саса поразена на домашен терен

Вчера одиграното 26. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија (Исток) донесе многу возбудувања на фудбалските терени.

На Градскиот стадион во Македонска Каменица, Кожуф триумфираше против Каменица Саса со 0-1. Стрелец на голот беше Костадинов во 80. минута. Каменичката екипа покажа бледо издание, без конкретна реализација во нападот.

Целосна Фотогалерија од натпреварот ТУКА

Прилепска Победа се враќа на прволигашката сцена, откако прилепчани денеска на свој терен го совладаа составот на Пехчево со 2-0, и стави печат на првото место на табелата.

Победа сега има три бода повеќе од Беласица, и подобар меѓусебен скор од струмичани во трите натпревари сезонава. Победа славеше со головите на Стомнароски и Димоски во 42. и во 82. минута.

Стефан Сулев во 11. минута му донесе на тимот на Беласица триумф над Слога Виница, и ги отпиша виничани од првото место, а веројатно и од баражот за пласман во прволигашката конкуренција.

Кожуф на гостувањето во Македонска Каменица, триумфираше против Каменица Саса со 0-1. Стрелец на голот беше Костадинов во 80. минута.

Осогово и Детонит одиграа нерешено 1-1, додека во Градско вистинска голеада во мечот меѓу Локотмотива и Братство кој заврши 2-2.

РЕЗУЛТАТИ

26. КОЛО

Беласица – Слога В. 1-0

Каменица Саса – Кожуф 0-1

Осогово – Детонит 1-1

Локомотива – Братство 2-2

Победа – Пехчево 2-0

ТАБЕЛА:

  1. Победа 59
  2. Беласица 56
  3. Слога В. 55
  4. Каменица Саса 45
  5. Кожуф 37
  6. Детонит 31
  7. Пехчево 30
  8. Осогово 28
  9. Братство 15
  10. Локомотива Градско 7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *