Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната од 18 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината сончево и топло, а попладне ќе има дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 29 степени. Маврово 18, Охрид 25, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 33.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 16 до 30 степени.