Време и распоред за присуство на свештените лица на Митровденска задушница на вечните почивалишта

Православната црква и верниците в сабота ја одбележуваат Митровденската или есенска задушница, која секогаш е во ден сабота, во очи на големиот празник Свети Димитриј Солунски – Митровден.

За таа цел, свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица упатува Известување за распоредот и време на присуство на свештените лица на вечните почивалишта на територија на општина Македонска Каменица.
Сабота, 06.11.2021 година
  • Село Саса 06:00 часот
  • Село Моштица 06:00 часот
  • Грчки гробишта 07:30 часот
  • Село Луковица 07:30 часот
  • Нови градски гробишта – Капела 09:00 часот
  • Стари градски гробишта – Св. Илија 08 :30 часот

Свештенството при Светиот храм упатува апел до граѓаните за почитување на протоколите за заштита од Ковид 19 при посетата на вечните почивалишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.