ВО ЧЕТВРТОК “СТЕНД АП” ШОУ СО МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Љубителите на проникливиот хумор и урбана сатира, ќе имаат можност во четврток на 23. Јуни, со почеток од 20:00 часот, да го проследат “Стенд Ап” шоуто со Марјан Георгиевски во Домот на култура во Македонска Каменица.

КИЦ “Романса” како организатор на настанот ги известува посетителите дека влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба. Билетите можат да се купат во просториите на Домот на култура.

За својот настап во Македонска Каменица и кратко за себе, Марјан Стојановски ќе каже: Еве, драги мои, пред 12 години почнав да се занимавам со Стенд Ап комедија. Имам настапувано низ цела Македонија, Балканот, САД, Канада, Австралија, Германија и други држави од Европа.
Но, во Македонска Каменица никогаш немам настапувано. Доколку сакате да ве заболат стомачните од смеењето кон комшиите, глупостите што ги правиме кога сме пијани и кога сме трезни, кога ја замараме бившата девојка. За женскиот и машките светови, Инстаграм албуми со наслов Summer 2022. За гастербајтерите после 2 години во Германија кои се враќаат со БМВ, за тетка ти што ти пишува коментари на Facebook и за уште многу други теми, дојдете да се понасмееме за животот во нашата Македонија”.
Ве сака ваш Марјан Георгиевски!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *