Во хеликоптерска несреќа загина Коби Брајант

Во денот кога главна вест од НБА беше како Леброн го помина Коби, стигна трагична вест од американските медиуми.

Неофицијално, Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа, близу Калабасас, Калифорнија. Според американскиот медиум Ти-Ем-Зи, Брајант бил дел од екипаж со пет луѓе во хеликоптер недела наутро, близу Калабасас, во сојузната држава Калифорнија. Засега не е позната причината за несреќата, а Си Ен ЕН објави дека пожарникарите го изгаснале оганот и ги откриле телата на сите загинати.

НИТУ од петмината не ја преживеал несреќата, но наводно неговата сопруга Ванеса не била дел од екипажот. Коби брајант имаше 41 година, беше татко на четири ќерки, Џана, Наталија, Бјанка и новородената Капри.

20 сезони играше за Лос Анџелес Лејкерс, почнувајќи од 1996та, пет пати стана шампион на НБА-лигата, двапати беше МВП на финалето, а во 2008 беше мвп на регуларната сезона. Со 33.643 поени во кариерата беше трет стрелец на сите времиња, но токму синоќа Леброн Џејмс го надмина за 12 оставајќи го на четвртата позиција.

Коби Брајант веднаш се огласи, откако Леброн го престигна и на Твитер синоќа напиша. „Продолжуваш да ја носиш играта напред. Многу почит мој брате!“

Тоа што се возел со хеликоптер не е никаква специјална пригода, туку тој чесно знаеше да го користи како превозно средство уште во годините додека играше.

Foto

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *